Мафини со јајца за лесен доручек

0

Мафини со јајца

СОСТОЈКИ

  • 1.5 лажица ладно цедено маслиново масло
  • 2 средно-големи кромиди, ситно сецкани во полумесечини
  • 1.5 лажичка сол
  • 1/2 лажичка балсамиран оцет
  • 1 голема китка блитва (или спанаќ), обарена и сецкана на кратки ленти
  • 1 шоља рендана гауда
  • 8 големи јајца

ПОДГОТОВКА

Мафини со јајца

Претходно загрејте ја рерната на 190˚C.  Намастете стандардна тава со 12 отвори за мафини. Во поголемо тавче загрејте 1 лажичка маслиново масло а потоа додадете го кромидот и 1/2 лажичка сол. Пржете го кромидот на тивок оган додека да порумени, додавајќи од време на време по малку вода. Зачинете го со 1/2 лажичка балсамиран оцет и префрлете го во длабока чинија.

Мафини со јајца

Избришете го тавчето. Ставете 1 лажичка маслиново масло и загрејте го. Додадете ја блитвата заедно со 1/2 лажичка сол и варете ја 2-3 минути, повремено мешајќи.

Додадете ја блитвата во подготвениот кромид и изладете ја смесата (околу 10 минути). Потоа додадете 3/4 од гаудата и добро измешајте ги состојките.

Еднакво распоредете ја смесата во 12-те отвори од тавата за мафини.

Во јајцата ставете 1/2 лажичка сол и изматете ги. Во тавата за мафини, над претходната смеса, подеднакво додадете ги јајцата. На крај, попрскајте ги мафините со останатата изрендана гауда.

Мафини со јајца

Печете ги 18-20 минути, се додека не поруменат. Изладете ги 2-3 минути, а потоа извадете ги од тавата. Сервирајте ги топли или на собна температура.

Добар апетит!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име