Погледнете во 6 од најскапите хотелски апартмани во Лондон

0

Може да се обложите дека во градот кој што е дом на кралското семејство на Англија,  постојат хотелски апартмани погодни за крал или кралица. Всушност, луксузните патници кои го посетуваат Лондон се разгалени со избор. Меѓу многубројните врвни хотели во градот, овие шест апартмани се издвојуваат со својата богата историја, А-листа со елегантен декор, завидни локации и услуга со бела ракавица.

The Connaught

Лондон Хотели

Гвинет Палтроу толку многу го сакаше дизајнот на Дејвид Колинс за апартманот во Connaught, што таа ја порача истата лакирана маса за својот дом.

Збир на прекрасни врежани врати кои се отвораат кон долг ходник кој води до кадифен дневен простор со високи тавани и бел мермерен камин. Трпезаријата располага со место за десет особи, додека кујната обезбедува простор за вработените да ги подготват оброците. Две спални ја олицетворуваат современата елеганција и тераса со заоблен венец која нуди прекрасен поглед кон Мејфер.

the-connaught.co.uk; 18.560 долари за една ноќ.

Лондон Хотели

 

The Milestone Hotel

Лондон Хотели

Поранешен аристократски дом, овој сон од Кенсингтон, член на водечките хотели на светот, го задржа својот историски лик со типичен англиски декор. Флорални отпечатоци, тешки завеси и лустери во салонот и ресторанот.

milestonehotel.com; 1.989 долари за една ноќ.

Лондон Хотели

 

The Dorchester

Лондон Хотели

Сакате да се капете во истата када како Елизабет Тејлор? Чекирајте се во апартманот Harlequin на Dorchester во Мејфер, каде што розовиот мермер беше специјално инсталиран во бањата за неа. Токму тука Тејлор дозна дека е одбрана за Клеопатра во мултимилионски договор, па така апатманот може да биде и среќен а не само убав. Во секој случај, ќе уживате во завиден поглед на Хајд Парк од вашата приватна тераса, а да не спомнуваме две гламурозни спални, дневна соба и трпезарија со кристален лустер.

dorchestercollection.com; 7,131 долари за една ноќ.

Лондон Хотели

 

Brown’s Hotel

Лондон Хотели

Овој хотел во Мејфер можеби е најстариот во градот (изграден од Лорд Бајрон), но тој воопшто не изгледа така. Омилен на славните личности како Карл Лагерфелд и Стела Макартни, имотот го венча стариот и новиот изглед со одличен дизајн, оригинални детали и колекција на современата британска уметност. Со пространа спална соба, мермерна бања, флорална позадина поставена со модерен мебел создава софистицирана атмосфера.

roccofortehotels.com; 8.176 долари за една ноќ.

Лондон Хотели

 

The Goring

Лондон Хотели

Во близина на Бакингемската палата, интимниот хотел со пет ѕвезди е управуван од истото семејство за четири генерации и е познат по ресторанот и најдобриот попладневен чај во Лондон. Сместување со највисоко ниво, елегантен дневен простор, трпезарија, две спални, бања и балкон кој се протега низ целата должина на апартманот.

thegoring.com; 11.136 долари за една ноќ.

Лондон Хотели

 

The Savoy

Лондон Хотели

Апартманот на овој хотел се шири низ целиот петти кат, како Едвардска фантазија украсен со мермер, дрвени облоги, лустери и лакиран бар како измислен за љубителите на мартини.

fairmont.com; 18.560 долари за една ноќ.

Лондон Хотели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име