Совети за нега на кожа кои можете да ги постигнете оваа година

0

Чекорете смело во 2018 година знаејќи дека оваа година ќе направите промени. Бегањето од рутина да го оставиме во минатата година, дојде време за позитивни промени. Па така ние собравме неколку експертски (и неверојатно лесни) навики кои промовираат здрава, блескава и чиста кожа.

Правилно применувајте го кремот за сончање

Лекарите секогаш велат дека кремот за заштита од сончеви зраци е неопходен, но дали правилно го применувате? „Кремот може да се примени пред шминката или дури и како шминка“, вели д-р Мона Гохара, дерматолог со седиште во Конектикат. За да ги задржите чекорите на минимум, обидете се да користите основа која што веќе состои крем за сончање вградено во својата формула.

Нега на кожа

Jane Iredale Powder-Me SPF® Dry Sunscreen
Нанесувањето на крем за сончање е еднаствно со оваа лесна формула во прав.
$47, во Jane Iredale

Осмелете се да излезете без шминка

Без разлика дали сакате еден тон шминка или природно лице, еден ден во неделата нека ви биде ден без шминка. На крајот на краиштата, клучот за беспрекорна шминка е квалитната кожа како основа. За да се чувствувате самоуверено, ќе инвестирате во производи кои го намалуваат приказот на порите. „За намалување на големината на порите користете ретинол секоја втора вечер за да се намали иритацијата и маска од јаглен еднаш неделно“, вели д-р Гохара.

Нега на кожа

Skinceuticals Retinol .05
Овој нежен ретинол нема да иритира или да предизвика црвенило.
$64, во Skinceuticals

Нега на кожа

Origins Clear Improvement
Оваа маска со детоксифициран јаглен ја ослободува кожата од бактерии и нечистотии.
$27, во Origins

Додадете авантура на вашата рутина

Постојат многу разубавувачки третмани, но ако има некој што сакате да пробате, нека биде тоа додавањето авантура во вашата рутинска нега. „Покрај користењето на најпознатите продукти, хидрирана нега на секои неколку месеци ќе го изнесе сјајот на вашето лице и ќе ја омекне кожата“, вели д-р Гохара.

Намалете го фокусот

Нема ништо повеќе фрустрирачки од купување на нови производи кои не работат за вас. Се чини дека секогаш постои нов производ кој ветува дека ќе го осветли, затегне и подигне вашето лице. „Обидете се да ја избегнете возбудата од реклами за нега на кожата“, вели д-р Гохара. „Најдобро е да се придржувате до неколку солидни производи за кои знаете дека работат“.

Ако не сте сигурни каде да започнете, обидете се со брендови за кои знаете дека се согласуваат со типот на вашата кожата. Или ако сакате повеќе професионално мислење, закажете состанок за разговор со локален дерматолог.

Придржувајте се на рутина

Откако ќе ги пронајдете производите и ќе ја започнете вашата нова рутина, најважниот дел е да се придржувате на неа. Не дозволувајте оваа резолуција да згасне по неколку недели, а особено не по неколку дена. Важно е да бидете доследни кога се грижите за вашата кожа. Повеќето дерматолози препорачуваат да имате две рутини за најдобри резултати, односно дневна и ноќна рутина. Исто така, не заборавајте дека обично се потребни од 3 до 8 недели за да ги забележете соодветните резултати, не се откажувајте!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име