Ако одговорите со “Да” на кое било од овие прашања…

0

Ниту една врска не е совршена, но тоа не е валиден изговор за да ги намалите вашите стандарди за некој друг. На крајот на краиштата, вашата среќа е најважна – без оглед на тоа колку ви се битни чувствата на вашиот партнер.

Вие сте достојни за одлична врска.

Во теорија, разбираме дека луѓето се оние кои што се и не можеме да ги промениме. Сепак во пракса постојано се обидуваме да го сториме токму тоа. И кога не успеваме да ги промениме започнуваме да го променуваме нашето однесување, се трудиме да бидеме пристојни, што на крај доведува до незадоволство и лоши односи.

Спремни за брак

За среќа, постои начин да се утврди дали сте решени за вашата врска пред да влезете премногу длабоко. Одделете време за да одговорите точно на овие прашања:

  1. Дали се гледате себеси со друга личност на долг рок?
  2. Дали сте во „отворена“ врска, но вие и само вие сакате да бидете ексклузивни?
  3. Иако сте со некого, дали често се прашувате кога ќе сретнете некој друг?
  4. Дали имате листа на работи кои сакате да ги промените кај вашиот моментален партнер?
  5. Ако би можеле да бидете со друг човек на светот, би избрале некој друг наместо вашиот партнер?

Ако одговоривте со „да“ на кое било од овие прашања, тогаш да вие сте започнале со решавање. Всушност, ако треба да се запрашате „дали се решавам?“ тогаш веројатно сте.

Ако ништо друго, од оваа статија запомнете ја следнава афирмација:

Јас сум достоен за голема љубов! Јас нема да се согласам за ништо помалку.

Не ме сфаќајте погрешно. Постои голема разлика помеѓу несигурност или сомневање и решавање. Изборите кои што ги нуди животот придонесуваат сомнежот и неизвесноста да се дел од секоја голема одлука што ја донесуваме. Вие сигурно нема да ја купите првата куќа што ќе ви ја покаже агентот. Всушност, најверојатно ќе погледнете десетици куќи за да ја најдете совршената куќа која ги исполнува сите ваши критериуми и сеуште ќе имате сомнеж!

Се сомневаме дека има некои двосмислености во нашите критериуми, бидејќи ние секогаш бараме „подобро“ кога всушност треба да сфатиме дека кога едно лице ги исполнува нашите критериуми не е подобро од друго – само поинакво – од следната личност која исто така ги исполнува критериумите. Нејасноста создава конфузија.

Добијте јасност преку поставување на ова прашање: „Ако бев на напуштен остров засекогаш, кои особини би ги барал во својот партнер?“. Тоа би требало да ви помогне за да започнете со поспецифична листа на критериуми. И обидете се да не ги оспорувате очигледните критериуми, како на пример „мора личноста да биде привлечна“. Што точно значи тоа? Личноста очигледно не би требало да биде универзално привлечна, само привлечна за вас (што може да биде сосема непривлечна за мене). Мојата поента е ова: Бидете внимателни и реалистични во дефинирањето на вашите специфични критериуми!

Има многу луѓе кои ќе ви кажат дека решавањето е токму она што треба да го направите. Тие можат да користат зборови што не звучат толку негативно, како „компромис“ или „модификација на критериумите“, но верувајте дека тоа не е решение.

Моето прашање за вас е следното: „Дали вашето срце трепери кога ќе го видите вашиот партнер?“ Дали имате желба за жешки бакнежи што траат три дена? …Не? Во тој случај мои пријатели, треба да продолжите со барање.

Вие заслужувате да бидете неодоливо посакувани. Ако се помирите со помалку, може да создадете живот полн со несреќа за себе и за некој друг.

Вие заслужувате голема и прекрасна љубов! Затоа потрошете извесно време за внимателно и подобро да изберете!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име