Најголемите фитнес трендови за 2018

Високо-интензивното интервално тренирање се искачи на првото место на листата на фитнес трендови за оваа година. Тренингот познат како HIIT (High-intensity interval training), обично вклучува кратки вежби со висок интензитет проследени со кратка пауза. Овој вид на тренинг е ефективен начин да ги задоволите вашите потреби од физичка активност.

Фитнес трендови 2018

На второто место доаѓа групното тренирање, односно фитнес класови кои содржат повеќе од 5 лица. Користењето на мобилни уреди како трекери за активност и паметните телефони паднаа на третото додека користењето на телесната тежина како отпор дојдоа на четвртото место. Исто така не е зачудувачки што класичниот тренинг со користење на тегови и справи се наоѓа на петто место.

Оваа листа беше создадена од анкетата на уредниците од „Health & Fitness Journal“ која ја спроведуваат секоја година за изминатите 12 години. Анкетата е објавена на илјадници професионалци, вклучувајќи лични тренери и физиотерапевти, за да ги предвидат најголемите трендови во здравјето и кондицијата за следната година.

Фитнес трендови 2018

Промоцијата на здравјето на работното место кое се рангираше на 16-тото место во минатогодишната анкета падна од топ 20 листата. Со други зборови, програмите за  здравствени придобивки базирани на работодавачот повеќе не се во мода.

Едно од најголемите изненадувања на листата за 2018 година е повторното појавување на групните вежби.

Личниот тренинг, односно тренингот со личен професионален надзор, кој беше воведен во 2000 година, ја намали популарноста на групното вежбање. Меѓутоа, цените на групните активности паднаа и со текот на времето нивната популарност повторно се

Фитнес трендови 2018

Уште еден тренд за 2018 година ќе биде враќањето на постарите возрасни лица во фитнес клубовите.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име