8 нешта кои што жените ги наоѓаат непривлечни кај својот партнер

0

Некои од нас знаат дека страста (надвор од спалната соба) е она што многу жени го сакаат кај својот партнер, но што сметаме дека е најголемата пресвртница? Ако сакате да го задржите вашиот партнер, избегнувајте да бидете виновни за овие осум работи.

  1. Арогантност: Има голема разлика помеѓу да се биде самоуверен и да се биде арогантен. Може да бидете самоуверени, но кога немате што да покажете за тоа, вие сте само разговор. Жените се привлечени од оние кои го совладале балансот помеѓу смирението и самодовербата.
  2. Недостаток на амбиција: Силните жени сакаат партнер кој што е подеднакво мотивиран како нив. Нема привлечност во мрзеливост.
  3. Телесни звуци: Можеби си мислите дека навлегувањето во длабока врска значи опуштање од секаков вид, но бидете уверени дека испуштањето на гасови не е толку смешно колку што мислите.
  4. Љубомора: Љубоморни проблеми често се корени од несигурноста на лицето.  Никој од нас не посакува партнер кој што го следи секој чекор или забранува социјализирање со други личности.
  5. Непочитување: Непочитувањето во каква било форма не е прифатливо. Кога малтретирате некој друг, тоа повеќе говори за тоа каква личност сте од што било друго. И да, сексистичките шеги (како: оди направи ми сендвич) спаѓаат во категоријата на непочитување. Немојте да се однесувате како деца.
  6. Лоша хигиена: често мијте ги рацете, туширајте се, чистете ги забите двапати на ден – прашувате дали е потребно толку многу? Запрашајте се и самите дали поскаувате партнер кој што не одржува лична хигиена, најчесто одговорот е не.
  7. Претерана контрола: Нема ништо полошо од тоа кога инсистирате сè да биде по ваш начин. Жените се способни да донесуваат сопствени одлуки и да водат свој живот. Ќе бидете известени ако им е потребна вашата помош, но до тогаш, не ја контролирајте секоја ситуација.
  8. Пасивност: Жените сакаат кога нивните партнери може да придонесе тема за разговор. Не е атрактивно кога немате став за тема, премногу се плашите да ги искажете своите мисли, или едноставно не ви е гајле. Очекувано е да ги почитувате туѓите мислења, но апсолутно може да го очекувате истото за возврат, па не плашете се да зборувате. Привлечно е кога сме одлучни или страстни за одредена работа, сѐ додека ги почитуваме перспективите надвор од сопствените, се разбира.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име