Помисливте дека сте го виделе најубавиот хотел? Погледнете повторно!

0

Бурџ Ал Араб Хотелот „Бурџ ал Араб“ во Дубаи е толку луксузен што ние не знаевме дека такво место би можело да постои. Се работи за хотел кој што е изграден од вашите фантазии. Поставен на вештачки остров на само 920 метри од плажата Џумеира, Бурџ ал Араб стои како трет највисок хотел во светот.

Посетителите го наведуваат како единствен хотел во светот со седум ѕвезди. И вие ќе се согласите по сослушувањето за сите раскошни убавини кои што доаѓаат со престојот тука. Но уживањето во овој хотел доаѓа по цена; собите започнуваат околу 1.100 долари за вечер. Погледнете ги сите неверојатни работи кои што би можеле да ги искусите ако резервирате соба во оваа жешка точка на Дубаи.

Возење со Ролс-Ројс

Бурџ Ал Араб

Кога ќе пристигнете на аеродромот, еден од белите Ролс-Ројс во сопственост на хотелот ќе ве подигне во стил и ќе ве однесе до самиот влез. Ако се чувствувате авантуристички, можете исто така да платите за превоз со хеликоптер.

Престој во апартман на два спрата

Бурџ Ал Араб

Сите 202 апартмани во хотелот се дуплекс на два спрата. Целиот хотел има разнобојна шема со златен акцент. Дали споменавме дека секоја соба доаѓа со сопствен батлер?

Слетајте на игралиште

Бурџ Ал Араб

На 28-от спрат на хотелот се најдува хелипед. Гости кои пристигнуваат со хеликоптер се приземјуваат тука. Просторот исто така се користи за натпревари во тенис и голф.

Бидете третирани како кралско семејство

Бурџ Ал Араб

По влегувањето во хотелот, ќе си помислите дека се наоѓате во кралска палата. Фонтани и луксузни продавници насекаде.

Имајте раскошно искуство со јадење

Бурџ Ал Араб

Изберете од деветте ресторани и барови во хотелот, секој со сопствена карактеристична кујна и тема.

Доживејте ја извонредната архитектура

Бурџ Ал Араб

Дури и без сите инзвонредни додатоци на овој хотел, самата архитектура на зградата несомнено ќе ве импресионира. Структурата на Бурџ ал Араб е направена да изгледа како брод од надвор, додека внатре секоја соба е украсена со скапоцени камења. Ова место навистина ќе ви го одземе здивот.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име