Дали треба да ги вежбате стомачните секојдневно за да имате резултати?

0

Стомачни

Започна новата година, што значи дека е време да ги вежбате стомачните мускули. Најдовте еден куп брзи вежби за стомачни и планирате да ги правите секојдневно, затоа што тоа е најдобриот начин да ги добиете резултатите, нели? Не баш.

Кога ги правите истите вежби секојдневно, може да предизвикате поголема штета отколку добро. За време на вежбањето ги оштетуваме мускулите, а потоа тие се регенерираат и на тој начин растат, за овој процес потребно е време. Ако го вежбате истиот мускул секој ден, не давате доволно време за регенерација и со тоа ќе бидете повеќе склони кон повреда. Затоа, немојте секојдневно да се фокусирате на истиот мускул.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име