Топ 10 туристички дестинации за 2018

Ако се придржувате само на една новогодишна резолуција, нека биде тоа патувањето. Тоа може да ве направи побогат во смисла на нови искуства, па дури и личната среќа. И сето тоа е далеку повредно од секоја годишна цел што обично ја планираме.

Со бескрајни извори на инспирација за патување на располагање, да се решите каде да одите е најтешкиот дел. Но, ние ја елиминиравме сета тешка работа за вас, така што сето она што останува на вас е да одберете една од топ 10 дестинации.

1 БОРАКЕЈ, ФИЛИПИНИ

Туристички Дестинации 2018

Овој мал остров во централниот дел на Филипините се протега само седум километри, но тоа е сосема доволно кога ќе ги видите сите природни убавини кои што Боракеј ви ги нуди.

Туристички Дестинации 2018

2 ЉУБЉАНА, СЛОВЕНИЈА

Туристички Дестинации 2018

Наликувајќи на познатите канали од Амстердам, истовремено мешајќи ја медитеранската, германската и словенеската култура, Љубљана е прекрасна комбинација на старо и ново.

Туристички Дестинации 2018

3 НИНХ БИНХ, ВИЕТНАМ

Туристички Дестинации 2018

Мирните пејзажи на Нинх Бинх се доволна причина за посета. Со варовни карпи, храмови, бујни зелени долини, пешачки патеки и пештери, оваа провинција лесно зазема место на нашата листа.

Туристички Дестинации 2018

4 СУКРЕ, БОЛИВИЈА

Туристички Дестинации 2018

Главниот град на Боливија е познат по своите бело варосани згради и колонијална архитектура, но исто така има многу повеќе да се направи и да се види. Историскиот град Сукре нуди голем број на музеи, катедрали и обележја, вклучувајќи го и главниот плоштад, Плаза де Мајо.

5 СЕУЛ, ЈУЖНА КОРЕЈА

Туристички Дестинации 2018

Сеул е местото каде што поп културата, технологијата и традицијата се вклопуваат. Ќе ја видите уличната мода, облакодерите и будистичките храмови, пазарот и кафулињата кои се како измислени за Instagram.

6 ЕСАУИРА, МАРОКО

Туристички Дестинации 2018

Патувачите кои преферираат бавно темпо на крајбрежниот град ќе бидат заљубени во Есауира. Познат како пристаниште и одморалиште, ветродниот град во Африка е популарна дестинација за сурфање на ветер и летање змаеви.

Туристички Дестинации 2018

7 ЗАДАР, ХРВАТСКА

Туристички Дестинации 2018

Дефиниција за одмор е хрватското крајбрежје во Далмација, каде што ќе најдете помалку луѓе отколку во Дубровник или Сплит. Приморскиот град Задар е богат со култура, историја и романса; подеднакво познат по своите римски и венецијански урнатини како и прекрасното зајдисонце.

Туристички Дестинации 2018

8 УПОЛУ, САМОА

Туристички Дестинации 2018

Овој рајски остров во Самоа е дом на сè што сакате: бујна дождовна шума, лагуни, драматични водопади, прекрасни плажи и многу повеќе.

9 ТБИЛИСИ, ГРУЗИЈА

Туристички Дестинации 2018

Главниот град на Грузија е далеку од обичен. Посетителите можат да бидат сведоци на модернизацијата на Тбилиси од своето време под персиско и руско владеење. Богат со својата разновидна архитектура, патувачите ќе се најдат себеси воодушевени од оваа мултиетничка дестинација која навистина е различна од било која друга.

Туристички Дестинации 2018

10 МАЈОРКА, ШПАНИЈА

Туристички Дестинации 2018

Сјајот на Медитеранот наречен Мајорка е сакан од многу луѓе поради добра причина. Островските брегови, сините води и карпи како измислени за разгледници се само дел. Впрочем Мајорка е градот кој ги инспирираше Шопен и други музичари, уметници и писатели да ги творат своите дела. Ако се решите Мајорка да биде вашата дестинација, подгответе се да го продолжите вашиот престој.

Туристички Дестинации 2018

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име