Теретаните се полни со бактерии! Еве како да останете здрави додека вежбате

Бактерии во теретана Познато е дека теретаната содржи бактерии, и многу од нив може да доведат до секаков вид на инфекции. Сите бактерии може да живеат на тврди површини (како челик или пластика) до 24 часа. Ние дефинитивно не сакаме да престанете да вежбате – сепак редовното вежбање е одлично за имунолошкиот систем, но тоа не значи дека треба да избегнувате лична хигиена. Со овие 5 навики ќе ги намалите шансите за бактериите да ви наштетат.

  1. Мијте ги рацете: Оваа е толку едноставно, и не треба никогаш да се заборава. Миењето на раце треба да се прави пред и после вежбање.
  2. Поносете крпа: На секоја справа каде што се допирате со вашето тело поставувајте крпа. На овој начин го спречувате ширењето на бактериите.
  3. Избегнувајте да го допирате лицето: Тешко е да не го допирате лицето за време вежбање кога сте испотени, но на овој начин е многу лесно да се пренесат бактериите и да ги инфицирате очите или устата. Ако имате долга коса чувајте ја во реп за да ги намалите потребите од допирање на лицето.
  4. Носете ги сандалите: Во ниту еден момент не шетајте боси! Ниту кога сте во пресоблекувалната. Ова е повеќе за избегнување на габични инфекции.
  5. Перете ги алиштата по секое носење: По секој тренинг опремата која што ја носите во теретаната се здобива со бактерии. Дури и ако вашите алишта не мирисаат, бактериите може да останат на вашата облека, што значи дека овие мали ѓаволи ќе ги доведете во вашиот дом.