Најдобри начини за запознавање во баровите и клубовите

Запознавање

Иако живееме во времето на Tinder, понекогаш е убаво да се сретнеме со привлечна личност на старомоден начин: во бар или клуб. Меѓутоа, приоѓањето на овој начин може да биде застрашувачки: тие би можеле да бидат опкружени со пријатели или можеби дури и да не се „слободни“. Еве пет начини за навигација низ минското поле:

1. Не претпоставувајте

Баровите обично се сметаат за прифатливи места за запознавање, но тоа не е единствената причина зошто луѓето одат таму, па затоа е важно да не бидеме дрски. Не секоја личност во бар посакува средба, па бидете подготвени за незаинтересираност и не земајте го лично ако сте отфрлени – тоа обично не се работи за вас! Бидете со пријателски намери.

2. Танцувајте

Изгледајте како да се забавувате, на овој начин изгледате по опуштено и ги зголемувате шансите за приоѓање. Дури и ако не сте најдобриот танчер, многу луѓе ќе ја ценат вашата спонтаност и способност да не се превземате премногу сериозно.

3. Позитивна комуникација со телото

Ако сте седнати во ќошот на барот со вкрстени раце, најверојатно нема да запознаете никого. Одете во близина на други луѓе и обидете се да ги олабавите рацете, а не нервозно да ги плеткате. Исто така не ја закопувајте главата во вашиот телефон – тоа е антисоцијално и ги блокира другите да ви се приближат. Блескавата насмевка исто така секогаш помага!

4. Облечете нешто убаво

Освен тоа што добро изгледате на лик, доброто облекување е голем фактор што ќе го привлече вниманието – и ова е барем во ваша контрола. Многу места имаат код на облекување што значи дека во секој случај ќе гледате тоа да биде релативно формално. Начинот на кој што се облекувате ја одразува вашата личност и покажува дека сте вложиле некаков труд.

5. Мирисајте добро

Мирисањето добро ги привлекува луѓето потсвесно, и со тоа се зголемува вашата атрактивност. Уште повеќе, ако сте испотени во бар или клуб, ќе биде особено важно да мирисате пријатно. Носете дезодоранс со суптилен мирис (рол-он е подобра опција од спреј за оваа намена), и за крај додадете малку од вашата омилена колонска вода.