3 најважни украсни елементи, според дизајнер

Начинот на кој Шенон Смит го претвора голиот стан во пријатен дом е мошне волшебен. Дизајнерката на ентериер може да направи чуда во простор без разлика колку е цврст буџетот или мал просторот.

Тајната за создавање прекрасен дом, вели таа, е да се фокусира на три работи при украсувањето. “Јас цврсто верувам дека не ви требаат многу работи за да го направите вашиот простор да изгледа совршено. Ако ги земете во предвид овие три работи – текстура, боја и размер”.

1. Текстура: Што повеќе тоа подобро

Украсување на дом

“Додадете текстура со тепих, на реси, винтиџ парчиња или природни влакна”, советува Шенон.

2. Боја: Во три слоеви

Украсување на дом

“Боја на слоеви во вашиот простор додава длабочина, дури и ако е неутрална”, вели таа. “Секогаш се обидувам да изберам три бои – светла боја, темна боја и нешто помеѓу, разиграни во просторот”.

3. Размер: Големи предмети

Украсување на дом

“Големите уметнички дела, потпирачки огледала на подот, и големите килими, ја истакнуваат висината на таваните и ширината на просториите”, објаснува Шенон. “Ако сте загрижени дека живеете во мал простор, фокусирајте се особено на овој дел, бидејќи тоа обично ќе го направи вашиот простор да изгледа поголем”.