Еве ја вашата доза на мотивација – 10 причини за да вежбате денес

Вежбање

Можеби веќе сакате да вежбате, или пак барате причина да вежбате. Вежбањето прави многу повеќе за вас отколку што знаете. Тоа не е само начин да согорите екстра калории, тоа е една од најдобрите активности за да се подобрите физички и психички надвор од вашата исхрана.

1. Ја подобрува меморијата

Вежбање

Дали некогаш сте имале фантастична идеја и потоа целосно сте ја заборавиле неколку минути подоцна? Тоа се случува на многу луѓе, а добрата вест е дека вежбањето може да ви помогне повеќе да ги запомнувате оние “аха” моменти. Една неодамнешна студија на универзитот во британска Колумбија покажа дека аеробното вежбање ја подобрува меморијата.

2. Ја зголемува вашата самодоверба

Вежбање

Вежбањето е неверојатно моќно за градење на самодовербата. За само една недела во теретаната, правите работи кои што не сте можеле да ги направите порано. Теретаната навистина ве гради емоционално исто колку што и физички. Ако вложите напори и го правите тоа постојано, ќе видите позитивни промени.

3. Го намалува стресот

Вежбање

Работата, пријателите, семејството, животот, дури и чекањето на следната епизода од вашата омилена серија на Netflix е сосема стресно. Вежбањето може да ви помогне да го намалите стресот. Има причина зошто дури и најуспешните луѓе на планетата најдуваат време за вежбање. Докажано е дека теретаната драстично го намалува вашиот стрес.

4. Ја намалува можноста за хронични болести

Вежбање

Ако посакувате да живеете долг, здрав и исполнет живот тогаш вежбањето треба да ви биде приоритет. Според американското министерство за здравство и човечки услуги, вежбањето е докажан начин за намалување од ризикот на кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и рак на дебелото црево, меѓу другото. Триесет минути неколку пати неделно е доволно за да ги искористите придобивките од вашиот здравствен план.

5. Ја одржува густината на коските

Вежбање

Како што лиѓето стареат, така и природно ја губат густината на коските. За среќа, тоа може да се намали, па дури и да се избегне со вклучување на редовна вежба во вашата рутина. Според националната фондација за остеопороза, активностите како што се вежбање во теретана, танцување или во основа активности кои што го придвижуваат вашето тело помагаат да се спречи губењето на коскената маса.

6. Го зголемува нивото на енергија

Вежбање

Можеби звучи чудно тоа што користењето на вашата енергија за вежбање всушност ви дава повеќе енергија, но тоа е она што го покажа неодамнешното истражување. Иако  можеби ќе се чувствувате малку уморни веднаш по вашите вежби, остатокот од вашиот живот ќе се чувствувате толку подобро.

7. Ја оптимизира вашата мозочна функција и креативност

Вежбање

Вие не сте само паметни дека вежбате, вие всушност станувате попаметни со тоа! Ако барате начин да станете најдобри во својата работа, вежбањето може да биде вашето тајно оружје. Докажано е дека вежбањето ја зголемува хемијата позната како невротрофичен фактор. Овој хемиски фактор предизвикан од вежбањето создава нови врски и патеки во мозокот, што го олеснува учењето и формулирањето на нови идеи.

8. Гради и одржува мускулна маса

Вежбање

Мускулната маса има повеќе бенефиции отколку што би помислиле. Мускулот е навистина она што ви го дава тој изглед на фитнес модел. Исто така, го забрзува вашиот метаболизам, така што согорувате повеќе калории дури и кога се одмарате. Најдобриот начин за градење и одржување на мускулната маса е вежбањето а особено вежбите за отпор.

9. Ве прави среќни

Вежбање

Сакате бустер за расположение? Вежбајте! Една студија објавена во спортската медицина покажа дека вежбањето ги зголемува ендорфините, инаку познати како хормони за среќа. Ендорфинот прави да се чувствуваме добро, а вежбањето може да го стимулира дополнителното ослободување на други хормони одговорни за чувството на среќа, како што се допамин и серотонин.

10. Го согорува масното ткиво

Вежбање

Вежбањето е клучен дел за постигнување и одржување на здрави нивоа на маснотии во телото. Губењето на тежината и маснотиите е резултат од количеството на калории што ги консумирате наспроти износот на калории што ги согорувате. Вежбањето е здрав и ефективен начин за согорување на калории за да се поттикне губење на тежина и да се согори телесната маст.