Една голема причина зошто велат дека „Property Brothers“ се режирани

ХГТВ

Кога тие не се во центарот на скандалот, емисиите на HGTV често се наоѓаат под лупа на гледачите. Прво беа обвинети „House Hunters“ дека се лажни, а сега „Property Brothers“ дека се неискрени. Причината? Во статијата на Њујорк тајмс, која ги открива ѕвездите на шоуто, Џонатан и Дру Скот како работат со продуцент и режисер на нивното шоу за креирање на драма, често пати снимајќи сцени неколку пати за да ја перфекционираат.

Нагласени се два случаи, еден во кој Џонатан неколку пати излегува од тоалетот додека го кажува својот дел се додека не звучи добро (иако е полно со емоции), а друг на Дру како им кажува на градежните екипи да прекинат со работа поради опасно високите ветрови што всушност се случиле еден ден претходно.

Ова сигурно не го очекувавме! Ако звучиме како да сме саркастични, тоа е затоа што сме. Во реалити емисиите се вложува голем напор за да бидат интересни и на крајот тоа е навистина така, затоа и не треба да се лутиме дека се режирани.