Вегетаријанска Карбонара

Вегетаријанска Карбонара

Карбонара сосот состои атрибути кои најчесто ќе ги најдете во класичното американско јадење – кремаст вкус на кашкавал и малку лук. Ако се плашите да мешате живо јајце со тестенини, нема потреба да се секирате! Топлината и пареата од тестенините ќе ги зготват јајцата. Само не заборавајте да ги пренесете тестенините во посебен сад; во спротивно ќе добиете карбонара која е згрутчена со текстура на пржени јајца.

СОСТОЈКИ

500 грама мали макарони
2 јајца
1 чаша пармезан
2 лажици ладно цедено маслиново масло
4 чешниња лук, ситно сецкани
Црн пипер
Магдонос

ПОДГОТОВКА

  1. Наполнете голем сад со вода. Нека почне да врие, а потоа слободно солете сè додека не добие вкус како на океанска вода. Додадете ги тестенините и гответе во согласност со упатството на пакувањето, најчесто 15 минути. Пренесете ги тестенините во голема чинија.
  2. Во меѓувреме, измешајте ги јајцата и пармезанот во мал сад. Потоа во плитка тава загрејте го маслиновото масло,  а потоа додадете лук и варете сè додека не почне да мириса, најчесто 1 минута.
  3. Во садот со тестени додадете ја мешавината на маслиново масло и лук а потоа додадете ја мешавината на јајца и пармезан, брзо мешајте пред јајцата да се згусат. Зачинете со црн пипер и сол. За крај украсете со магдонос.