Ако оваа сезона се одлучивте да ја скратите косата и да добиете малку поинаков изглед, погледнете ги фризурите кои се тренд за 2012, можеби ќе ја пронајдете формата и бојата на коса што ви прилега.
Кој вели дека кратката коса ограничува кога се во прашање фризурите? Можете да ставите модни додатоци и да изгледате различно секој ден, покрај тоа можете да ја извиткате или исправите, како и да направите мини плетенка на подолгиот дел од косата.
Ако сте љубител на слободен стил и лежерен изглед, оваа должина на коса е најпогодна за вас, затоа што можете едноставно ја да разбушавите со пена или восок за коса и да добиете модерен изглед.
Еве неколку начини на кои можете да ја носите вашата кратко потшишана коса.
Текстот го напиша Рената Деспотовска